Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски смета дека одбивањето на СДСМ за лидерска средба е „незрело“ бидејќи државата се наоѓа во кризна состојба и треба да се договорат за најважните прашања.
Во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш на телевизија „Алфа“, Мицковски рече дека е разумно да седнат како политичари и да се договорат по што ќе излезат со заедничка одлука пред граѓаните.
– Јас мислам дека ќе се промени таа позиција, јас еве апелирам да се промени. Ние како држава сме во една кризна ситуација и де факто и де јуре е сега ако не сакаат да прифатат зошто немаат капацитет да се справат тоа го кажа и Стево Пендаровски. Оттука разумно е да седнеме како политичари и да се договориме, а потоа да излеземе со заедничка одлука пред граѓаните, рече Мицкоски.
Тој посочи дека другите политички чинители ја прифатија иницијативата за лидерска средба.
-Треба да се договориме за најважните прашања. Многу е важно и треба да се излезе со став пред граѓаните, изјави Мицкоски.