Македонија 30. август 2019. / 21:23

Мицкоски од Штип: Битката против криминалот стана всушност битка за заштита на криминалот

Мицкоски од Штип: Битката против криминалот стана всушност битка за заштита на криминалот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствува на свеченоста по повод одбележувањето на 29 години постоење на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Штип.

Се случи аферата Рекет, и погледнете само како она што требаше да биде битка против криминалот стана всушност битка за заштита на криминалот. Како сите се откажаа од Катица и Боки Јовановски кои само се извршители во оваа кратка крими серија. Како министри од владата на Зоран Заев ја тресат и најситната прашина која може да укаже дека заедно го делеле колачот од оној трофеј сместен во куферот полн со пари, зошто знаат дека власта губи, и дека ќе дојде време да се порамнат сметките и ќе биде побарана одговорност – изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Штип.

А ние очекуваме правда од ова „Рускоска обвинителство“ која се реши да ја апси Катица по цел еден месец, па со лаконска трпеливост ни објаснуваат дека иако Катица ја завршила работата која ја процениле за 8 милиони евра, она само добила тросед во вредност од 5 илјади евра, вели Мицкоски и додава дека никој не верува во овие алибија на власта, исто како што никој не верува во зборовите на главата на откоподот дека правда ќе има зошто тој е носителот на главната неправда во оваа земја. И тука нема да му помогнат ниту оние шминерски рокади кои што ги прави во Владата, ниту пак криењето на Кики и Фрики ниту пак криењето на Шеки и останатите.

Нивната улога допрва ќе се оценува и проценува. И тука не го вадат ниту изјавите дека прв пријавил во обвинителството за тоа дека имало Рекет, ама ова откако ги фатија со рацете во медот, зошто допрва треба да се проверат наводите што некои медиуми објавија дека токму Заев ги предупредил осомничените дека се фатени во криминални дејанија – појаснува Мицкоски.