Македонија 16. декември 2018. / 14:42

Мицкоски: На власта наједноставно и е да брцне во џебовите на граѓаните за да си дели тендери во четири очи

Мицкоски: На власта наједноставно и е да брцне во џебовите на граѓаните за да си дели тендери во четири очи

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протестен марш во Велес, на кој и покрај ладното време, учествуваа голем број на граѓани.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски говореше за неспособноста на власта да управуваа со оваа држава.

-Македонија е вечна, а власта не е! – порача Мицкоски.

Тој кажа дека власта ги зголемува даноците, бидејќи не можат на поинаков начин да ја зголемат економијата, односно дека не се способни да реализираат ниту една капитална инвестиција. Мицкоски кажа дека владата нема ниту проекти, ниту визија, ниту знае да спроведе структурни реформи.

-Наједноставниот начин им е да брцнат во џебовите на граѓаните и да го наполнат помпезниот буџетот за да можат да си делат тендери во четири очи, за да можат да крадат и пљачкаат. Заради тоа кажува дека 2019 година која по трет пат од устата на овие политичари слушаме дека ќе била економска година, но не само што нема да биде економска година, туку ќе биде година на стагнација. – рече лидерот на опозицијата.

Мицкоски и порача на власта дека треба побрзо да замине, со цел Македонија да оди напред.

– Велеа живот ќе донесат, темнина и црнила донесоа и затоа овде од Велес ќе им порачам- Колку побрзо заминете, токлу побрзо ќе и` се раздени на Македонија, а тоа ќе го видите веќе на следните претседателски избори. Овој народ ќе ви врати на следните претседателски избори. – кажа Мицкоски.