Македонија 05. мај 2020. / 14:54

Мицкоски: Македонскиот јазик е загрозен поради штетните политики на власта

Мицкоски: Македонскиот јазик е загрозен поради штетните политики на власта

Денеска како никогаш порано македонскиот јазик и нација се ставен пред премреже и негација поради лошите и непромислени политики на актуелната власт. Штетната политика на власта ја отвори вратата на пропагандите, негациите, проблемите, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во својата честитка по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

-Нашето вековно постоење и македонската самобитност на нација и јазик е загрозена и замената со желбата за моќ и пари на оние кои управуваат со власта. Тие сакаат да управуваат и тргуваат со нашето постоење. Со едната рака покажуваат како го бранат јазикот, со другата го раскрчмуваат. Но, сакам да потенцирам дека јазикот е жива материја и истиот опстојувал со веков и ќе продолжи да опстојува и понатаму без разлика кој и да сака да го загрози, вели Мицкоски.

Тој посочува дека македонската нација и јазикот поминале низ поголеми премрежиња, но останале тоа што се.

-Повикувам на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик. Дозволете ми уште еднаш да ви го честитам 5 мај- Денот на македонскиот јазик и азбука со желба за долг и вековен развој, порача Мицкоски.