Македонија 07. септември 2018. / 14:09

Мицкоски до Курц: ЕУ и НАТО се стратешки интереси, но договорот со Грција е неприфатлив

Мицкоски до Курц: ЕУ и НАТО се стратешки интереси, но договорот со Грција е неприфатлив

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции и актуелниот референдум за договорот со Грција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека членството во ЕУ и НАТО преставува наш стратешки државен интерес, а воедно ВМРО-ДПМНЕ е отворена за понатамошна продлабочена соработка со Австриската Народна Партија како сестринска партија во рамките на Европската Народна Партија.

На средбата Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција и истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација.

Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија, појасни Мицкоски.

За ВМРО-ДПМНЕ повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните со цел да се прикрие вистинската содржина за што реално треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција.