Претседателите на двете наголеми партии во Македонија, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на денешниот христијански празник Богојавление Водици престојуваат во Охрид.
Предвидени се и изјави за медиумите кои, како што најавија од партиите, лидерите ќе дадат по завршување на манифестацијата.
Според најавите, претседателот на СДСМ Зоран Заев тоа ќе го направи кај „Фаќач на крст“, а само стотина метри подолу, на Плоштадот, тоа ќе го направи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Охрид годинава одбележува 30-годишен јубилеј од првата масовна организација на овој празник на Градското пристаниште.
Од рано утринава во сите парохиски цркви се служат утрински богослужби, додека централната архиерејска литургија се одржува во „Света Богородица – Каменско” од 8:45 часот. Од 9:45 часот литијата ќе се упати кон Градското пристаниште, каде во 10 часот ќе се изврши Големиот богојавленски водосвет и ќе биде положен чесниот и животворен крст во осветените води на Охриското Езеро.