Македонија 05. февруари 2020. / 19:17

Јаулески: На 12 април младите од Струмица ќе го прекинат ропското владеење на Заев

Јаулески: На 12 април младите од Струмица ќе го прекинат ропското владеење на Заев

Денес сме во Муртино со младите од струмичкиот регион. Доаѓајќи наваму поминавме и од Сачево и ја видовме испразнетата индустриска зона, онаа истата во која што требаше да никнат фабрики и нови работни места. Но како и сѐ друго и тоа беше една предизборна лагаж, напиша претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

-Се наоѓаме на она фамозно место од кое Господ го црпна Зоран Заев од нивите и го донесе во Скопје да ја ,,исправи” Македонија. Кога ги прашав младите дали барем го исправил своето родно место, одговорот е следен: Младите ги пакуваат куферите и заминуваат далеку од Муртино, далеку од Струмица, далеку од Република Македонија.

Од она што низ разговор го слушнав од младите но и повозрасните кои идејќи наваму ме застанаа и си поразговаравме, е дека единствено што добија е закани, притисоци и уцени од фамилијата Заеви кои што се наметнаа како деспоти во овој дел на Република Македонија.

Лажеше и кога беше градоначалник, а лаже и сега. Ја лаже цела Македонија. И затоа на 12 април младите од Струмица и од цела држава ќе го прекинат ропското владеење на Зоран Заев, ќе му кажат дека е доста лаги, уцени и закани, доста е криминал и гледање на сопствениот интерес.

Време е за политичари кои искрено ќе се вложат за младите. Време е за обнова на Македонија, напиша Јаулески.