Македонија 27. септември 2019. / 15:41

Јанушев: Без трошка срам и допир со реалноста продолжуваат да ја полнат државната администрација

Јанушев: Без трошка срам и допир со реалноста продолжуваат да ја полнат државната администрација

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот фејсбук профил пишува дека приватните компании ќе добивале субвенции за плаќање на придонесите на работниците кои ќе ги преземат од администрацијата или тие ќе се преквалификувале на државен трошок. Односно, работниците кои најслабо работеле ќе бидат понудени на приватните компании.

-Но, без конкретен одговор зошто една приватна компанија би сакала да вработи работник кој не ги извршувал задачите во администрација.

Во различни ситуации ќе има различни мерки, вели Манчевски.

Со други зборови, онака “народски кажано”, криминално-рекетарската банда на СДСМ предводена од Заев сака да си донесе закон за администрација под мотото на Заев – “ќе јадеме живи луѓе”!

И додека без трошка срам, без никаков допир со реалноста, на најнечовечки и безкрупулозен начин се обидуваат да го легализираат “јадењето живи луѓе”, продолжуваат да ја полнат државната администрација и само моментов вработуваат над 50 лица во различни државни институции.

Истовремено, им ветуваат на вработените во јавната администрација поголема плата за 5% … ама условено … треба да испорачаат поголема ефикасност и професионалност на работните места. Нешто што, едноставно, не е мерливо!!!

А, да, не знам дали да им кажеме дека имаат направено “мала грешка во чекори” и дека заборавиле да се усогласат со останатите законски решенија? Бидејќи и да помине вака, нема да биде применливо???
Какви непрофесионалци, дилетанти и манипултори!!! – напиша Јанушев.