Македонија 27. ноември 2018. / 14:53

Јанчев: Рамо до рамо со Заев ќе се борам против Мицкоски

Јанчев: Рамо до рамо со Заев ќе се борам против Мицкоски

Градоначалникот на Кавадарци и доскорешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, за ТВ24 изјави дека тој и Никола Тодоров ќе му помогнат на премиерот Зоран Заев против опструкциите кои ги планира лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој според него, имаат за цел да ги саботираат уставните измени.

Јанчев потврди дека во саботата во Струмица заедно со екс-министерот за здравство Тодоров се сретнале со Заев на негово барање и пеле кафе.

– Ветивме помош против опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого. Јас како Митко Јанчев очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени се со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на Р.М. – вели Јанчев за ТВ 24.

Со оваа негова изјава се потврдува одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да го смени од функцијата – потпретседател.

На средбата на Заев со двајцата исклучени неодамна исклучени од својата матична партија воопшто не бил споменат притворот на Сашо Мијалков, вели тој. За него, тоа е процес кој го водат правосудните институции и во кој тој и Тодоров немаат намера да се мешаат.