Македонија 28. март 2020. / 09:02

Грчко МНР и посака добредојде на земјава во НАТО семејството

Грчко МНР и посака добредојде на земјава во НАТО семејството

Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер“ профил упати честитки за нашето членство во НАТО, додавајќи дека очекува конструктивна соработка.

-Ѝ честитаме на Република С. Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-ти член на Алијансата. Добредојде за нашите соседи во НАТО семејството и очекуваме конструктивна соработка во рамките на Алијансата, напишаа од грчкото МНР на „Твитер“.