Во најновата колумна новинарот Бранко Героски пишува за договорот за формирање Влада на СДСМ и ДУИ.
Пред да почнете да се муртите и да кажувате некои работи „со опроштење на ЛГБТИ заедницата“, добро е заедно да се потсетиме како беше…
Пред изборите, Зоран Заев на граѓаните им вети дека ДУИ ќе замине во опозиција. И дека тој ќе направи партијата на Али Ахмети да се реформира. Провладината пропаганда како гајди развлекуваше наративи дека Мала Речица е дувло на криминалот и на корупцијата. Во исто време, СДСМ стапи во предизборна коалиција со Беса, а Заев театрално кокетираше со партиите на Зијадин Села и на Африм Гаши. Сакаше да покаже дека гласовите на ДУИ не вредат „пет пари“.
Со еден збор, сцената беше грижливо сетирана денеска да гледаме еден сосема друг филм – требаше да ги видиме прегрнати Заев, Билал Касами, Зијадин Села и Африм Гаши. Али Ахмети, разочаран и посрамотен, требаше да се повлече во некое далечно бачило и да не се појавува во јавноста додека не узрее новото сирење, пишува Героски во својата колумна.
Целиот текст на следниов линк.