Проблемот со Катица Јанева е елиминиран, разговорите помеѓу работните групи се движат во позитивна насока, напиша на Фејсбук новинарот Салиу.
Во вторник на работните групи би требало да им се придружат и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Собрание. Власта и опозицијата блиску до конечен договор за ОЈО, напиша Салиу.
Во текот на утрешниот ден се очекува состанок на работните групи за новиот закон за обвинителство. А во вторник средба на работните групи плус лидерите на политичките партии.
Средбата во вторник најверојатно ќе се одржи во Собранието на Република Македонија. Се забележува помрднување на разговорите во насока на изнаоѓање на заедничко решение кое треба да гарантира правда и независно делување на обвинителството.