Македонија 18. јуни 2020. / 16:00

(ФОТО) Владата на Северна го навреди Трамп: Испратија негова карикатура во официјално соопштение

(ФОТО) Владата на Северна го навреди Трамп: Испратија негова карикатура во официјално соопштение

Официјалното Владино соопштение за одржаната прес-конференција на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, покажа скандалозно ниво на непрофесионализам на вработените во Владината прес служба.

А, освен скандалозно, никако поинаку не може да се оцени тоа што како прилог на обраќањето на Филиповска-Грашкоска, наместо фотографија од настанот, медиумите добија фото-монтажа и карикатура од американскиот претседател Доналд Трамп.

 

За волја на вистината, од Владината прес-служба го увидоа својот гаф и шест минути по првочното соопштение испратија корекција во која сликата на Трамп ја немаше.

Сепак, ваквата корекција во никој случај не го одговара прашањето дали и зошто вработени во Владина институција во текот на работното време гледаат и се занимаваат со смешни слики од Трамп, наместо да си ја вршат работата за која се платени.