Струмица се подготвува за протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи во недела.
Протестот ќе почне во 13 часот од паркот во Струмица, по шеталиштето, се до општината Струмица.
„Владата и министрите кои те убедуваат во сосема спротивна розова и разубавена слика од она која реално ја гледаш и чија суровост ја живееш секој ден те прави пасивен. Дополнително ви вели премиерот, името Македонија морало да се избрише, ама пустото боли, пече, затоа што тоа е името под чиј бајрак и име растеле и умирале твоите предци, и под чиј код се родени твоите деца. Името кое го изговараш со чест, достоинство и трепет во душата и сега ти велат морало да се откажеш затоа што само така ќе било подобро, а ти знаеш дека тоа не е така. Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема“, најави претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.