Македонија 09. февруари 2019. / 22:57

Филипче: Болницата во Штип ќе биде готова до 2020

Филипче: Болницата во Штип ќе биде готова до 2020

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека болницата во Штип продолжува да се гради и треба да биде завршена во 2020 година.

Во меѓувреме, како што рече, забележуваме, а имаме и извештаи од надзорот дека работите се изведуваат со навистина забрзана динамика.

Имаме интензивна комуникација и со градоначалникот на Штип, кој треба да преземе обврски за некои сообраќајни решенија, рече Филипче.

Тој изрази надеж дека следната година Штип ќе добие нова и современа болница