Македонија 08. јануари 2020. / 18:52

Џафери: Пред да се распишат изборите протоколот за членство во НАТО ќе биде ратификуван

Џафери: Пред да се распишат изборите протоколот за членство во НАТО ќе биде ратификуван

Доколку новата шпанска влада по скратена постапка го ратификува протоколот на Македонија за членство во НАТО до 12 ти февруари може процедурата да заврши и кај нас оптимист е собранискиот спикер Џафери.

Според него доколку Владата во Шпанија ја стави оваа точка како приоритетна, нема потреба да се брза со предвремена ратификација кај нас. Партиите во законодавниот дом пак едногласни, велат независно од тоа кога точката ќе се најде на дневен ред сите ќе ја гласаат.

Кординаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски пак и денеска посочи дека ќе дадат поддршка но посочи дека доколку ратификацијата во Шпанија тече регуларно тоа може да трае од 3 до 5 месеци, така што вели не ја исклучува можноста кај нас таа да се гласа и по формирањето на новата влада по изборите.