“Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее, ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители во државата, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на Република Македонија#, порача вчера Заев.
Премиерот Зоран Заев и вчера уште еднаш ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава. Потребно е единство, рече Заев, додавајќи дека може опозицијата и власта да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но дека во историски моменти сите треба да застанат заедно, бидејќи државата нема друг алтернативен пат, па затоа тој нема да престане да ја повикува опозицијата да се вклучи во референдумот.
„Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее, ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители во државата вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на Република Македонија”, порача Заев.
Тој истакна дека имаме, рече, многу да учиме, но и многу да дадеме на Европа.
„Со договорот со Бугарија, и еве сега со договорот со Грција испраќаме сериозни пораки дека европскиот дух и вредности опстојуваат и овде во Западен Балкан, за да испратиме порака на надеж за добри перспективи”, рече Заев.
Според него, пред Македонија и граѓаните е период во кој треба да донесат сериозни одлуки, кои не се лесни, но, сепак, и гарантираат сериозна иднина и на Македонија и на регионот.
„Во вакви околности можам да кажам дека кога преку договор земате обврска да смените уставно име на сопствената земја, тоа претставува чувствително прашање, но охрабрено заради придобивките, веруваме дека испишуваме значаен момент и од европската историја кој ќе биде потврден со огромно мнозинство на претстојниот референдум”, изјави Заев.
ВМРО ДПМНЕ во денешно обраќање до јавноста велат дека власта ја почна кампањата со која капитулантскиот договор го толкува како европска вредност. “Власта пред поделени пари емитува спотови и пушта пропаганден материјал и креира интернет страници. Во оваа прескапа кампања со пари од буџетот ги сокрива вистинските одговори – дека со капитулантскиот договор се прифатени грчките услови спротивни на Уставот, на националните и државни интереси на Република Македонија, дека тоа значи бришење на македонската историја, културна посебност, идентитет, Македонците вон границите на државата, велат од ВМРО ДПМНЕ.