Македонија 17. јуни 2019. / 17:40

До сабота ќе ги знаеме имињата на новите министри

До сабота ќе ги знаеме имињата на новите министри

Пратениците најрано во сабота треба да ги очекуваат новите предлози за министри и заменици во кабиентот на премиерот Зоран Заев откако тој синоќа по Централниот одбор на СДСМ најави владина реконструкција со смена на најмногу осум позиции, објави Сител.

Смената на 20-тина директори на јавни претпријатија пак, според партиски извори, ќе оди побавно, во текот на целото летото.

Имињата на функцинерите кои ќе бидат опфатени со т.н. метла засега се тајна. Нив, според упатените ги знаел, само Заев и коалицискиот партнер Али Ахмети. Се очекува, велат извори од Извршниот одбор на СДСМ, Заев деновиве да ги исконтактира оние кои ќе бидат сменети и оние на кои смета во иднина, а потоа кадровските решенија да бидат потврдени и од партиските тела. Сличен процес се очекува и во ДУИ.

Во јавноста веќе подолго време се зборува за смена на министерот за финасии Драган Тевдовски, потоа на министерката за правда Рената Дескоска, на минстерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, но тие се уште велат дека одлуката ја знае само Заев.

Дека сигурно ќе замине од позицијата минситер веќе е највен Љупчо Николовски од ресорот земјоделие. Од ДУИ пак, се зборува за смена на вицепремиерот Бујар Османи и за животна средина Садула Дураку. Можни сме смени и кај министри од помалите коалициски партнери. Испразнето е и местото на министерот за култура Асаф Адеми.