Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кажа дека нема доверба во Обвинителството за да ги достави фактите со кои располага поврзани со корупцијата во власта, но најави дека ќе бидат објавени во јавноста.
– Ќе се изнагледате корупција. – кажа Николоски и најави дека располагаат со документи против власта кои ќе бидат објавени на прес-конференции.
Шефот на македонската дипломатија Никола Димиторв, пак, се пожали дека има проблем со Обвинителството.
– И јас си имам мака со Обвинителството. – рече Димитров, а не бил задоволен бидејќи не реагирало по истрагата за неговата лажна оставка.