Македонија 26. септември 2018. / 20:49

Димитров кој беше преговарач во време на ВМРО-ДПМНЕ запраша зошто тогаш не се постигнало договор

Димитров кој беше преговарач во време на ВМРО-ДПМНЕ запраша зошто тогаш не се постигнало договор

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски дебатираа во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Според Николоски позициите на Македонија се нарушени со потпишувањето на овој договор. Според него доколку имаше поголема посветеност, ќе се постигнеше подобар договор, барем немаше да има промена на Уствот.

Тој смета дека подобар договор е можен, односно да не се менува Уставот со цел промена на уставното име, да се направат силни гаранции за идентитетот, нацијата, јазикот и културата.

Димиторв обвини дека државата беше заглавена во антиквизација и праша „Зошто ВМРО-ДПМНЕ не дошле во нивен договор во овие 11 години?“

Димитров истакна дека со овој договор е зацврстена државноста, границите се сигурни и се создадени услови за подобра софра на масата на сите граѓани, за подобра и подобро платена работа.

„Го правиме ова со исправени глави, затоа што сме Македонци, зборуваме македонски јазик и како Република Северна Македонија ќе одиме напред“, рече Димиторв.

Николоски, по оваа изјава го запраша Димиторв, зошто тој како официјален преговарач на Република Македонија, баш во времето на ВМРО-ДПМНЕ не направил ништо.