Македонија 21. ноември 2019. / 09:43

Димитров ја разгледа канцеларијата во седиштето на НАТО во Брисел од 3 милиони евра

Димитров ја разгледа канцеларијата во седиштето на НАТО во Брисел од 3 милиони евра

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави дека ја разгледал канцеларијата во седиштето на НАТО во Брисел која Македонија ја купува за речиси 3 милиони евра.

За купување и адаптација на деловен простор во седиштето на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Македонија во НАТО предвидени се 2.872.255 евра за купување 996,37 квадратни метри административните простории и паркинг и за адаптацијата.

Димитров учествува на НАТО министерскиот состанок во пресрет на лидерскиот состанок на Алијансата во Лондон.

-Денот го искористивме за посета на идните простории на Постојаната мисија на Северна Македонија. Покрај средбата со новиот заменик генерален секретар на НАТО Мирчеа Џоана, остваривме и билатерални средби со колегите од Франција, Португалија, Луксембург, Грција, Бугарија, Словенија, Словачка, Чешка, Данска, Полска и Црна Гора, објави Димитров.

&nbsp