Македонија 18. јуни 2018. / 22:15

Демонстрантите повикаа на протест утре во 11 часот

Демонстрантите повикаа на протест утре во 11 часот

Насобраните граѓани пред Собранието повикаа утре во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата на која на дневен ред е токму договорот со Грција.

Го повикаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утре да го напушти Собранието и да му се придружи на народот.