Македонија 06. август 2019. / 10:03

„Блиц“: Заев и Харадинај основале црни фондови за плаќање политичари

„Блиц“: Заев и Харадинај основале црни фондови за плаќање политичари

Премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај се блиски соработници, а имаат договор за контрола на работата во Македонија и на Косово, но и создавање на црни фондови кои треба да послужат за плаќање на политичарите, пишува српски „Блиц“, пренесува „Информер“.

Како што пишува Блиц повикувајќи се на дипломатски извори, Заев и Харадинај досега не се имаат сретнато само во улога на премиери, туку и поединечни состаноци одржале и нивните браќа Вице Заев и Даут Харадинај.

– Додека Харадинај бил премиер, договорено е создавање на црни фондови кои ќе служат за плаќање на политичари од Брисел, но и од Грција, за на секој можен начин да се ублажи стопирањето на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тоа е значајно и за Албанците кои држат дел од власта во Скопје. – кажува изворот на Блиц.

Како што наведува Блиц, во еден момент македонските власти добиле подарок од два милиони евра наменети за грчки политичари, а чија цел е низ ЕУ да зборуваат дека немаат ништо против Македонија во ЕУ.

– Диловите кои ги направија Харадинај и Заев не се поврзани само за бизнис, туку и за војската во Македонија и на Косово. Договорено е финансирање на македонски старешини од албанска националност да одат на Косово, а од другата страна да школуваат офицери на војската на Косово на акедмијата во Скопје. Дел од парите се префрлени преку поединечни фирми. – пишува Блиц.