Инвеститорот на премиерот Зоран Заев, контроверзниот Биг Мајк Страумитис, е голем пријател на американскиот конгресмен Дана Рохрабахер, кој се противи на македонската државност и смета дека Македонија треба да е поделена помеѓу Косово и Бугарија.
Рохрабахер, кој до неодмна беше конгресмен, има изјавено дека Република Македонија не треба да постои како држава, туку треба да се подели помеѓу Косово и Бугарија.
– Македонија не е држава. Треба да биде поделена помеѓу Косово и Бугарија. – изјавил поранешниот конгресмен, кој е во блиски односи со потенцијалниот инвеститор Биг Мајк, најавен од премиерот Заев.
За дружбата помеѓу Рохрабахер и потенцијалниот инвеститор, Биг Мајк се има пофалено на социјалните мрежи.
На 1 октомври 2017 година, Биг Мајк објавил фотографија со Рохрабахер на Инстаграм и напишал дека конгресменот го посетил со цел да добие совет за легализацијата на канабисот во САД.
Биг Мајк дури и инвестирал во кампањата на Рохрабахер. Според официјалните податоци инвеститорот на Заев финансиски го поддржал конгресменот кој е против македонската држава.
Според странските портали, Биг Мајк, кој е познат по борбата за легализација на канабисот, се поврзува директно со конгресменот Рохрабахер.
Активностите на Биг Мајк не се непознати во нашиот регион. Според бугарските медиуми, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, е негов поддржувач.
Во описот на компанијата на Биг Мајк, тој донирал пари на индивидуи во земји во развој кои сонуваат да започнат мали бизниси. Тој дури и се борел да го легализира производството на медицинска марихуана во Бугарија.
Контроверзниот инвеститор веќе се пофали на социјалните мрежи за средбите кои ги остварил со премиерот Заев. Тој во Македонија се сретнал дури и со претставици на банка.
Досега во јавноста средбата меѓу премиерот и Биг Мајк предизвика негативни реакции. Граѓаните велат дека не сакаат уште еден „Субрата Рој“.