Македонија 13. август 2018. / 09:54

Амнестиран терорист се заканува со нов конфликт: Ако пропадне референдумот, со или без Македонците, Албанците ќе продолжат кон ЕУ и НАТО

Амнестиран терорист се заканува со нов конфликт: Ако пропадне референдумот, со или без Македонците, Албанците ќе продолжат кон ЕУ и НАТО

Ќе реагираат ли ОЈО и МВР на повиците за отворен конфликт на Абедин Зимбери, поранешен пратеник и командант на ОНА во 2001? На својот ФБ профил, со наслов „Реципроцитет на меѓуетничко почитување“, Зимбери пишува дека Албанците  нема веќе да го трпат непочитувањетоа од Македонците и порачува дека нивниот пат кон ЕУ и НАТО ќе продолжи со или без Македонците:

,,Албанците во Македонија ќе се борат до крај заедно со Македонците, државата како целина да влеземе во ЕУ и НАТО, но доколку референдумот пропадне,  Албанците нема повеќе да трпат ваков начин на живот, со или без Македонците нашиот пат кон ЕУ ќе продолжи“-порачува Зимбери.

Тој вели дека Македонците прво требаше да го решат внатрешниот спор кои сами го прават со Албанците, а потоа заедно со Албанците да го решат надворешниот спор со Грција и ЕУ.