Македонија 29. мај 2019. / 17:03

Алијанса за Албанците: СДСМ и ДУИ не покажаа конкретни резултати за да добиеме датум за ЕУ

Алијанса за Албанците: СДСМ и ДУИ не покажаа конкретни резултати за да добиеме датум за ЕУ

Алијансата за Албанците ја поздравува препораката на Европската комисија за отворање преговори за пристапување, притоа потенцирајќи дека тоа не претставува голем напредок кој што треба да се слави од страна на владејачката коалиција СДСМ-ДУИ.

Од партијата повторуваат дека ЕК уште од 2009 година му препорачува на Советот на ЕУ започнување на преговорите. Тие констатираат дека Извештајот за напредок 2019 не покажа конкретни резултати за условите утврдени во заклучоците на Советот од јуни 2018 година.

– Кога ќе се сретнат на Европскиот самит во јуни 2019 година, лидерите на ЕУ ќе одлучат дали да започнат преговори за членство на Северна Македонија наспроти следнава позадина:

I) Одговорноста за нападот во Собранието на 27 април 2017 година Со Никола Груевски, кој се шета слободно во земја членка на ЕУ и со Трајко Велјановски и петте други пратеници кои го организираа терористичкиот напад а се уште се во функција, коалицијата СДСМ-ДУИ ја негира политичката одговорност . Уште полошо, целиот процес стана апсолутна фарса со казнување на невиниот Абдулфетах Алими.

II) Судските реформи и конечните казни во случаите на корупција и организиран криминал, вклучувајќи го и високото ниво и откриените злоупотреби со прислушувањата од 2015 година. – стои во соопштението на Алијансата.

Тие потенцираат дека политичкото мешање во судството е сеуште голем проблем.

– Извештајот за напредок, со право укажува дека корупцијата е широко распространета во многу области и останува загрижувачко прашање. Независноста на судството не се почитува и политичкото мешање во судството останува нагласен проблем. Кога станува збор за конечните казни за злоупотребите откриени со прислушувањата од 2015 година, извештајот за напредок се реферира на казната на Никола Груевски кој прави туризам во Будимпешта и Сашо Мијалков кој ужива во удобноста на хотел Мериот во Скопје. Со нацрт-законот за идниот статус и надлежностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), постои јасен ризик од општа амнестија, кој ќе се овозможеше од страна на политизацијата на наследниците на СЈО, на кого ќе му се повлечат покренатите обвиненија по 30 јуни 2017 и нема да се дозволи материјалите од прислушувањата да се користат како доказ во постапката.

III) Реформирање на разузнавачките и безбедносните служби. Како што е кажано од страна на Алијансата за Албанците во многу случаи, реформирањето на Управата за безбедност и контраразузнавање во Национална агенција за безбедност, предизвика две големи загрижувања. Прво, дискретното назначување на нејзин директор од страна на премиерот, покренува дилеми околу контролата и балансот. Второ, реформата не предвидува вистински процес за верификација на агентите за отстранување на влијанијата од времето на Југославија и на Груевски, како и на странските сили, како клучни елементи кои треба да бидат адресирани пред Северна Македонија да стане членка на НАТО. – стои во соопштението.

Алијанса ја наведе и дека јавната администрација наместо да е сервис на сите граѓани е заробена од владејачката коалиција.

– Потфрлувањето на власта СДСМ-ДУИ за обезбедување конкретни реформи и враќање на довербата во државните институции беше двапати санкционирана од страна на граѓаните на Северна Македонија, еднаш на референдумот од 30 септември 2018, а потоа повторно во првиот круг од претседателските избори на 21 април 2019.

Сега постои реален ризик неактивноста на владата да биде санкционирана од лидерите на ЕУ во контекст на пораст на чувствата против проширувањето во земјите-членки на ЕУ што ја објасни одлуката на ЕК за одложување на објавувањето на пакетот за проширување до после европските избори.

Потфрлувањето на власта СДСМ-ДУИ за започнување на преговори летово, треба да го отвори патот за формирање на техничка влада за да ја подготви земјата за предвремени избори, како предуслов за создавање на вистинска реформистичката коалиција која ќе има сила и политичка волја да ја материјализира европската перспектива на Северна Македонија. – констатираат од Алијанса.