Македонија 19. јули 2020. / 12:38

Албанскиот проблем на Заев

Албанскиот проблем на Заев

Новинарот Михаел Мартенс, добар познавач на состојбите на Балканот, во текст за германски весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ) со наслов „Максимални барања“, прашува: Дали Северна Македонија ќе добие албански премиер? , за како што го нарекува „албанскиот проблем на Заев“.

Мартенс вели дека Заев би можел да ја продолжи коалицијата со ДУИ на Ахмети. „Најголемата албанска партија во Македонија во изминатите две децении речиси секогаш била вклучена во владата во Скопје и важи за идеолошки флексибилна сè додека има пристап до државните ресурси.

Но, партијата ја водеше својата изборна кампања со максимални етнички барања. Така ДУИ , како што вели, сака да влезе во разговори за коалиција, само ако кандидат од албанското население стане премиер. Предвидениот кандидат за премиерската функција, пак, меѓу другото објави дека сака да го направи албанскиот јазик задолжителен предмет во сите училишта.

Според новинарот, ваквите барања одат предалеку дури и за Заев, иако тој му излезе во пресрет на албанското население повеќе од кој било шеф на владата пред него. Тој зборуваше за ’уцена’ и уште пред изборите најави дека ќе се обиде, доколку е неопходно, гласовите што недостасуваат за формирање на владино мнозинство да ги позајми од ВМРО. Таа партија е најголем внатрешно-политички ривал на социјалдемократите на Заев, но и таа а уште пожестоко ги отфрла повиците за албански шеф на владата и веројатно безусловно ќе сака да спречи влада со вакви приоритети“, констатира авторот во написот за ФАЦ.