Македонија 07. октомври 2020. / 07:49

Средношколците од општина Тетово денеска ќе продолжат со протести против онлајн наставата

Средношколците од општина Тетово денеска ќе продолжат со протести против онлајн наставата

Средношколците од општина Тетово од денеска ќе продолжат со протести против онлајн наставата.

Тие велат дека не се откажале од бојкотот на наставата и дека единствено барање им е настава со физичко присуство. Од министертвото за образование и наука со апел до сите оние кои ја бојкотираат наставата дека секој изгубен ден од учењето е на директна штета на децата.

За неполна недела околу 80 проценти од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучија кон онлајн наставата, а овој процент од стартот на годината постојано се зголемува. Останатите, ученици и наставници во основно и средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето во онлајн наставата, а како најчеста причина ги посочуваат – лошата интернет конекција или немањето уреди. Министерството за образование и наука е во координација со градоначалниците, локалните самоуправи и директорите на училиштата и се работи на надминување на овие предизвици, информираат од министерството.