Во текот на вчерашниот ден се појави веста дека ОЈО има запленето јахта во врска со случајот „Рекет“. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски преку Фејсбук статус праша дали јахтата на која се сликани премиерот Заев и министерот Димитров е таа јахта.
Инаку оваа фотографија од Зоран Заев и Никола Димитров е направена лани на јахта, на охридското езеро.