Хроника 12. март 2021. / 16:01

Земјотрес почувствуван во јужна Македонија, епицентарот во близина на Лариса

Земјотрес почувствуван во јужна Македонија, епицентарот во близина на Лариса

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 13:57 часот во јужните делови од државата.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 230 километри јужно од Скопје, во соседна Грција со рихтерова магнитуда од 5,6 степени.