Хроника 23. септември 2020. / 12:49

Заев, Филипче и Николовски казнети со по 50 евра за сторени сообраќајни прекршоци

Заев, Филипче и Николовски казнети со по 50 евра за сторени сообраќајни прекршоци

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Порталот Centar.mk го објави прекршочните налози на МВР. Премиерот Заев, вице-премиерот Николовски и министерот Филипче ќе треба да платат по 50 евра во денарска противредност, за сторен сообраќаен прекршок.

Инаку, откако Лидер објави видео на кое се гледа дека премиерот Заев не носи заштитна кацига додека управува со мотор постапката на МВР е согласно своите надлежности.