Хроника 15. јануари 2019. / 11:58

Уапсен штипјанец продавал марихуана и екстази

Уапсен штипјанец продавал марихуана и екстази

Штипјанец бил уапсен од полицијата откако кај него пронашле 460 грама марихуана и таблети екстази. СВР Штип против Д.К.(34) поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Полицијата вчера во 11.40 часот извршила претрес во домот на пријавениот и ја пронашла дрогата.