Хроника 17. јули 2020. / 16:31

Со автомобил му го пресекол патот кај Кале, па излегол и физички го нападнал

Со автомобил му го пресекол патот кај Кале, па излегол и физички го нападнал

На 16.07.2020 во 21 часот во Полициската станица Центар, М.Ш.(63) од Скопје пријавил дека околу 18: 30 часот, додека управувал патничко возило „цитроен“ од бул.„Гоце Делчев“ кон тврдина „Кале“, му бил пресечен патот од патничко возило „опел астра“, управувано од С.К.(27) од с.Батинци, Скопско, при што тој застанал за да не дојде до сообраќајна незгода.

Според пријавеното, додека М.Ш. стоел со возилото, дошол С.К. и физички го нападнал.

Набргу потоа, на местото на настанот пристигнале полициски службеници, кои го привеле С.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.