Хроника 27. јули 2018. / 15:40

Пријави за негователки кои дозволиле тешка повреда на дете во градинка во Штип

Пријави за негователки кои дозволиле тешка повреда на дете во градинка во Штип

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Б.С. (59) и Р.В.(59), двете од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтетирање на малолетно лице“, информира МВР.

На 05.07.2018 година во времето од 07,00 до 14,30 часот во Штип во детска градинка пријавените, вработени како згрижувачки работник – неговател, додека биле на своите работни места, дозволиле двегодишно дете да се здобие со телесни повреди нанесени од страна на друго малолетно дете, згрижено во истата група.