Хроника 11. октомври 2018. / 19:47

Кај 16 годишно момче во Штип пронајдена голема количина марихуана

Кај 16 годишно момче во Штип пронајдена голема количина марихуана

Најлонско пакување марихуана е пронајдено при претрес на 16-годишно момче од Штип, соопшти полицијата.

Претресот е извршен синоќа околу 23.15 часот во населбата Автокоманда во Штип, а момчето е приведено. Со него е извршен и разговор во присуство на родител.

Марихуаната е одземена и дадена на вештачење, а случајот целосно ќе се документира и ќе се реагира соодветно.