Економија 27. ноември 2019. / 11:04

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ им должи на земјоделците за субвенциите од 2017 и 2018 година

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ им должи на земјоделците за субвенциите од 2017 и 2018 година

СДСМ за овие три години го унапреди само криминалот. Мерките на оваа влада не се ниту искрени, а најмалку ефективни. Криминалната влада на СДСМ првин треба да ги подмири плаќањата кон граѓаните за изминатите три години, па дури тогаш да ветува нешто друго. СДСМ уште им должи на земјоделците за субвенциите од 2017 и 2018 година, велат од Центарот  за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Се што вети Заев, ништо нема остварено. На повидок ги нема загарантираниот откуп и високите откупни цени. Овие три години родот на земјоделците завршуваше на буниште.Заев лажеше пред три години и продолжува без срам да лаже. Земјоделците веќе не му веруваат и затоа крајот ќе му дојде на 12 април, велат од опозицијата.