Економија 14. октомври 2019. / 15:13

ВМРО-ДПМНЕ: По три години нема ништо од ветените нови патишта

ВМРО-ДПМНЕ: По три години нема ништо од ветените нови патишта

СДСМ три години не направи ниту еден километар нов автопат. Проектите кои ги наследија од ВМРО-ДПМНЕ и беа во крајна фаза на реализација им беа потребни три години за да ги пуштат во употреба. Зоран Заев вети 600 километри нов автопат. Три години потоа нема ниту 1 километар. Зоран Заев вети 550 километри нови магистрални патишта. Три години потоа нема ништо од најавеното.Три години тапка во место гасификацијата на државата. Наместо гасификација имаме криминал и корупција во сите државни институции, на сите нивоа, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Нема проекти во железницата, ниту во инфраструктура, ниту во транспорт. Заев и Сугарески ги разочараа граѓаните. Само 28% реализација на капитални инвестиции за цели 8 месеци од година е доволен знак дека оваа влада мора да си замине, соопшуваат од Центарот  за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ