Економија 28. септември 2019. / 09:24

ВМРО-ДПМНЕ: Единствената реформа на Заев е што ги зголеми даноците

ВМРО-ДПМНЕ: Единствената реформа на Заев е што ги зголеми даноците

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека единствената реформа на Владата на Зоран Заев се зголемените даноци коишто ги воведе од 1-ви јануари 2019 година, па поради тоа голем дел од претприемачите, стопанствениците својот бизнис го селат во околните држави.

Од опозицијата потсетија дека од Владата ветуваа зголемени пензии, достоинствен пензионерски живот, а денес пензионерите имаа покачена пензија од нецели 36 денари. Освен тоа, како што посочуваат од ВМРО/ДПМНЕ, ветуваа и 500 километри автопат, а им требаа речиси три години готовиот автопат којшто го имаа од Миладиновци до Штип да го пуштат во употреба. Од експресниот автопат од Росоман до Прилеп ни трага ни глас, констатираат во соопштението.

– Инвеститорите си бегаат од Република Македонија, а пример за тоа е изведувачот од шпанската компанија „Рубау“. Тие се спакуваа, ја напуштија и ја тужат Македонија за десетици милиони евра оштета. Ветуваа правда и мир, а нарачките им ги извршуваат обвинители, судии коишто се длабоко со рацете во криминал фатени. Русковска обвинителство го заврши случајот „Рекет“ со само тројца осомничени коишто го направиле сето ова, го осмислиле и прибрале милиони евра. Русковска обвинителство ги заштити функционерите од власта со прикривање на докази. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив целокупните политики на криминогената влада се само како да направат за нив и за блиските до нив да им биде добро.

– Потребна е генерација која што не ветува чуда, генерација која што сака да биде слуга на народот и која што заедно со граѓаните може да покаже дека Македонија можела поинаку и дека Македонија има капацитет за поинаку од ова темнило кое што денеска е секојдневие.

Време е да се врати достоинството на Македонија. Потребна е обнова на Република Македонија. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.