Економија 07. March 2019. / 10:14

СДСМ: Со влезот во НАТО ќе се зголеми економскиот раст

СДСМ: Со влезот во НАТО ќе се зголеми економскиот раст

„Нов раст на индустриското производство од 12 отсто во јануари, уште една потврда за успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални, видливи резултати.

Откако во 2018 година растот на индустриското производство беше највисок во последните 7 седум години, индустриското производство продолжува да расте и во 2019 година.

Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика растот на индустриското производство во јануари 2019 година е за 12 отсто во однос на јануари 2018 година.

Растот на индустриското производство е проследен и со раст на прометот во индустријата, со зголемен број на вработени во индустријата и раст на платите.

Истовремено, со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ економскиот раст дополнително ќе се интензивира. Интеграцијата во ЕУ и НАТО е дополнителна можност за влез на нови странски инвестиции, нови подобро платени работни места, а сето тоа значи повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што го поттикнуваат економскиот раст и обезбедуваат повеќе пари кај секој граѓанин“, се вели во соопштението од партијата.