Економија 05. септември 2018. / 10:59

Потпишана спогодбата за платите во здравството

Потпишана спогодбата за платите во здравството

Во Владата на Република Македонија денеска министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, потпишаа Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност.

На потпишувањето на спогодбата присуствуваше и премиерот Зоран Заев.