Економија 13. јуни 2019. / 15:16

Јорданов: Штип ја има најскапата метларка од копманијата на Анѓушев

Јорданов: Штип ја има најскапата метларка од копманијата на Анѓушев

Општина Штип ја купи најскапата метларка од копманијата на вицепремиерот Кочо Анѓушев, објави претседателот на штипскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов.

Јавното претпријатие Исар, уште во 2018 година набавила електрична метларка произведена во „Брако” на Анѓушев во износ од 86.149 евра.

– Штип ја има најскапата метларка во државата!
ЈП Исар во 2018 година набави електрична метларка во износ од 86.149 евра или најскапата метларка во нашата држава.
Но, оваа машина од распишувањето на тендерот до денес ја следат низа нерегуларности, за кои веќе е обелоденето од кои причини биле направени.
Најпрво, метларката била набавена по цена повисока од проценетата вредност утврдена пред распишување на тендерот.
Техничките спецификации дадени во тендерската документација, апсолутно се поклопуваат со спецификациите само на машините од марката Green Machines, кое отвара дилема дали се работело транспарентно и одговорно кон другите компании кои продаваат исти вакви машини за чистење. – објави Јорданов.

Тој потенцира дека оваа компанија била единствена која се пријавила на тендерот.

– Компанијата која го добива тендерот е единствена која се пријавила и е дистрибутер на овие машини, кои пак ги произведува фабриката во сопственост на вицепремниерот Кочо Анѓушев.
Почитувани,
Штип е уште една од жртвите на власта за која секојдневно дознаваме како врши одлив на јавни пари во приватни џебови.
Корумпираната Влада очигледно не може да ја задоволи својата алчност на централно ниво, па затоа ја проширува својата мрежа на интерес и на локално ниво.
Болеста наречена СДСМ метастазира во сите сфери и секојдневно ни докажува дека е време да ја напушти власта! – тврди Јорданов.