Премиерот Зоран Заев, веќе неколку денови ги бара пратеничките гласови на БЕСА на Биљал Касами, со цел да го промени устаното име, но никако не може да ги добие.
Иако во јавноста се прикажува дека БЕСА ги штити интересите на албанскиот народ, сепак причината за тензиите помеѓу СДСМ и БЕСА е бизнисот.
Според извори на Лидер од Клиниката за Хематологија, БЕСА барале нивни кадар да ја води оваа Клиника, но Заев не дозволил, токму поради бизнисите со веледрогеријата „д-р Пановски“.
Лидер веќе неколку пати има пишувано за скандалите на власта поврзани со оваа клиника. Доктор Ирина Пановска, директорка на Клиниката на Хематологија, која што беше блиска пријателка на министерот за здравство Венко Филипче, а е и блиска другарка на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, станала директорка под сомнителни околности.
-Директорката на Клиника за Хематологија д-р Ирина Пановска која стана директор под сомнителни околности, без подршка од партијата и без согласност од комисијата за здравство на СДСМ, која нема никаков авторитет во СДСМ, директорската фотелја ја доби од бизнис другарката Радмила Шекеринска – вели изворот од Хематологија.
Според информациите на Лидер, премиерот не сакал да ја даде оваа здравствена институција, бидејќи најголемите криминални тренсакции се вршат токму преку оваа клиника, во соработка со веледрогеријата „д-р. Пановски“.
Претходно објавивме дека документите покажуваат дека веледрогеријата „д-р Пановски“, во периодот од 01.06.2017 – 23.07.2017 примила 24.6 милиони денари или 400.000 евра без притоа за набавките да се распише тендер. Со овие набавки евидентно е дека постои интенција да се заобиколи законот за Јавни набавки со кој е предвидено за овие суми да се распише тендерска постапка и аукција.
Инаку веледрогеријата „д-р Пановски“ е во сопственост на Златко Пановски, кој е овластен потписник на сите договори. Пановски е татко на Ирина Пановска Ставридис, директорка на Клиниката за хематологија, назначена од Министерот за здравство. Во пракса се покажува дека додека ќерката директорува, таткото заработува милионски цифри од здравствените установи кои ги водат нејзините колеги.
Токму поради големите бизниси кои се вртат во оваа институција, БЕСА барале нивен кадар да ја зеземе директорската позиција.
Според изворот на Лидер, Заев се договорил на БЕСА да им ја даде Клиниакта за Хематологија и Институтот за ТВЦ, но ветувањето не го исполнил.
– Од пред два месеци е постигнат договор со албанските партии од власта за скопските клиники БЕСА да раководи со Клиника за Хематологија и Институтот за ТВЦ, ДПА со Клиника за Пластична хирургија. Тие се чувствуваат излажани бидејќи не е реализирано ништо од ветеното, а нив ги чини негативни поени кај нивниот електорат – кажува изворот за Лидер.
Партиите од албанскиот блок БЕСА и ДПА во изминатиот период имале слични искуства за непочитување на политичкиот договор со Заев.
Останува да видиме дали премиерот ќе успее да се договори со Касами за да обезбеди мнозинство за промена на името.