Живот

Нормализиран сообраќајот за товарни возила на Богородица

Нормализиран сообраќајот за товарни возила на Богородица

Сообраќајот за товарни возила на граничниот премин Богородица е нормализиран, но има зголемена фреквенција.

На овој граничен премин сообраќајот беше во прекин поради пад на системот за работа на царината.

Од Авто мото сојузот на Македонија утринава информираат дека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, а надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е зголемен. (МИА)