Живот 03. август 2018. / 09:24

На патот Желино – Јегуновце е нормализиран сообраќајот

На патот Желино – Јегуновце е нормализиран сообраќајот

Сообраќајот на локалниот пат Желино – Јегуновце, кај село Сиричино, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин е нормализиран, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.