Живот 24. април 2018. / 14:33

Како го претставуваат Охрид на листите за најевтини туристички дестинации за ова лето?

Како го претставуваат Охрид на листите за најевтини туристички дестинации за ова лето?

Како е претставена годинава Македонија, поточно нејзиниот најблескав бисер Охрид, на сајтот The Culture Trip?

Охрид често се наоѓа на листите на најубави и најевтини туристички дестинации во Европа, па таква е ситуацијата и за лето 2018.

Како е преставена годинава Македонија, поточно Охрид, на сајтот The Culture Trip?

Охридското Езеро е претставено како најскапоцениот камен во круната на Македонија. На страна од убавите зборови за езерото, топло се препорачани средновековните цркви во Охрид, амфитеатарот од античкиот римски период и неверојатниот поглед од Самоиловата тврдина, при чие искачување наидувате и на прекрасна шума.

Како активности се препорачуваат пливање, нуркање и пловење со бротче.

Посочено е дека има евтино приватно сместување, дека Охрид е совршена дестинација и за млади и за стари и дека цените на вината започнуваат од 150 денари (2.5 евра), па нагоре.

Целата листа на Theculturetrip (Охрид е најдолу)!