Живот 31. август 2018. / 13:34

Ја возел ќерката низ град врзана за комбе (ВИДЕО)

Ја возел ќерката низ град врзана за комбе (ВИДЕО)

Комбето е снимено во регијата Чанкирис Јајлакент, која се наоѓа северно од главниот град Анкара.

Полицијата преку регистерските таблички на возилото го идентификувала возачот и го привела.

Станува збор за Идрис К., татко на осум деца кој изјавил дека ќерката ја врзал бидејќи сакала да се вози на носачите за велосипеди.

Но, додал дека така заврзана ја возел околу 400 метри и потоа ја одврзал.

Неговиот 22 годишен син Енес К., за новинарите изјавил дека овој инцидент и “бурата“ која се дигнала на социјалните мрежи, многу го растажиле неговото семејство.

Од полицијата се уште не соопштила какви мерки ќе преземе против таткото на девојчето.