Човекот кој со нога го удри и го повреди галебот кога тој се обидел да му го грабне чизбургерот, додека седел на плажа во Њу Хемпшир, мора да плати парична казна од 124 американски долари, пишува локалниот весник.
По сослушувањето на очевидци полицијата на Њу Хемпшир установи дека Нејт Ранклос седел на локалната плажа и се подготвувал да го изеде вкусниот сендвич, кога го опкружиле неколку галеби кои се намерачиле на неговиот оброк. Притоа тој удрил еден галеб со нога и го повредил.
На полицијата и рече дека само се обидел да ги избрка со нога и дека немал лоши намери.
Очевидци тврдат дека еден галеб бил повреден бидејќи птицата кривела на едната нога и тешко полетала.
Во согласност со законот на државата Њу Хемпшир која се наоѓа во Нова Англија во североисточниот дел на САД, галебите се заштитен животински вид.