Свет 21. септември 2018. / 12:59

Жена со нож бодела деца во градинка во Њујорк

Жена со нож бодела деца во градинка во Њујорк

Најмалку пет лица се повредени, од кои три деца, откако жена со нож ги нападнала во градинка во Њујорк.

Осомничена била 52-годишна жена, која била пронајдена во подрумот со рани на зглобовите нанесени од нож, за кои се верува дека самата си ги нанела.

Полицијата соопштила дека жената била уапсена.

Не е познат мотивот на нападот, ниту во каква врска била со жртвите.