Свет 04. јуни 2018. / 13:55

Вулканот на Хаваи не запира: Лавата зароби три лица

Вулканот на Хаваи не запира: Лавата зароби три лица

Три лица беа спасени вчера, откако беа заробени од лавата од вулканот Килауеа на Хаваи, пренесува Ројтерс.

Двајца мажи и една жена се евакуирани од Хаваи, откако биле заробени од лавата, а спасувачките екипи морале да ги подигнат со летало за да ги пренесат на безбедно подрачје.

Трупите на националната гарда, полицијата и пожарникарите спроведиле акција за евакуирање на домовите од источниот дел на островот, неколку часа пред лавата да го прекине пристапот до патот до оваа област.

Досега лавата има уништено голем дел од природата, а дури и свари едно езеро со слатка вода.

Вулканот е активен веќе еден месец.