Свет 02. јули 2018. / 18:54

Вулкан на Бали повторно исфрлил пепел и лава

Вулкан на Бали повторно исфрлил пепел и лава

Вулканот на планината Агунг на индонезискиот туристички остров Бали, денеска повторно исфрли пепел и лава, а масата се разлила во должина од два километри од кратерот, соопшти индонезиската геолошка агенција, пренесе АП.

Бучната вулканска ерупција започнала по 21 часот по локално време, а траеле повеќе од седум минути.

Инаку денешната ерупција била најблага кога станува збор за експлозивни вулкански ерупции.

Овој вулкан, кој се наоѓа околу 70 километри североисточно од Кута, главното туристичко место на Бали, последен пат имал голема ерупција во 1963 година, каде загинале 1.100 луѓе.